Овие растенија ќе го прочистат воздухот во вашиот дом

0

Ако ги прашате дизајнерите на ентериер што не смеете да изоставите од вашиот дом при неговото уредување, најголемиот дел од нив ќе ви речат – цвеќиња. И со право. Освен што му даваат свежина на домот, тие го прочистуваат воздухот, а во овие денови на силна загаденост, тоа е и повеќе од потребно.

Бидејќи отворањето на прозорците не е препорачливо, а воздухот во затворените простории станува задушлив, одберете едно од овие растенија за да го прочистите.

Фикусот е всушност зимзелено растение кое потекнува од Индија и кое е одлично за прочистување на формалдехидите од воздухот. Го има скоро во секој дом. Сепак, дајте му и вие можност да дише, па барем еднаш неделно чистете му ги листовите од прав.

Хризантемата е едно од најдобрите цвеќиња за прочистување на воздухот. Ова не е домашно растение, но во домот може да „живее“ без да се исуши и до шест недели, зависно од тоа како ја чувате. Потребни ѝ се многу светлина и влага за да може да расте, а воздухот го чисти од формалдехид, ксилен, бензен и амонијак.

Ѓаволскиот бршлен лесно се одгледува во домот. Потребна му е малку светлина за да расте, но колку е поголем, толку повеќе го прочистува воздухот.

Бамбусовата палма исто така одлично го прочистува воздухот, но ги „брка“ и инсектите, а воздухот го чисти од бензен, формалдехид, хлороформ и јаглерод моноксид.

Бршленот е уште едно зимзелено растение. Тој е ползавец кој одлично вирее во домашни услови. Не му треба многу светлина за да расте и да се шири. Го прочистува воздухот, но добар е и за отстранување на алергените како мувла и животински измет. Ова растение од воздухот ги отстранува бензенот, јаглерод моноксидот, формалдехидот и трихлоретилен.

Затоа, ако немате зелено растение во домот, веднаш набавете барем едно.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот