Овие работи се причината заради која децата стануваат разгалени

0

Пред да имаме деца сите знаеме да кажеме, моето нема вака да прави, јас поинаку ќе го воспитувам и слично, но додека не почне вистинското искуство, никогаш не знаете.

Затоа, подобро премолчете и сослушајте ги искусните.

Наградување со пари

Никој не сака да слуша плачење и хистерија. Многу полесно е на децата да им се даде се што ќе посакаат, отколку да ги слушаме тие страшни звуци. Но, што ако така ги научиме децата дека хистеријата е начин преку кој можат да добијат се што ќе им падне на ум? Децата брзо учат и брзо ќе сфатат дека е доволно да вриштат за да им се исполни желбата. Наредниот пат едноставно издржете.

12921104_10208810971102284_1954778770_n (1)
Погрешен распоред на спиење

Одењето на спиење не е нешто што децата едвај сакаат да го чујат и често ќе се обидат да го одложат заминувањето в кревет. Но, детето на кое му недостига сон и одмор, обично не е среќно дете и плаче за најмала ситница. Одложувањето на заминувањето на спиење, бидејќи децата го сакаат тоа е сигурен пат до намуртени лица на сите во семејството.

Лош став

И тоа лошиот став на родителите, не на детето, бидејќи ставот на детето многу зависи од ставот на родителите. Немојте да го потценувате своето влијание врз вашето дете. Ако сакате среќно дете, бидете родители кои шират среќа и позитивна енергија.

Пренатрупан распоред

Нашите распореди ни се пренатрупани, а тоа влијае распоредите на децата да им ги натрупаме со разни активности, дружења, настани кои „не смеат“ да се пропуштат. Понекогаш не е лошо да застанете и да ги исфрлите од распоредот помалку важните работи и едноставно да дојдете до воздух во војот дом. Ако потполно ја менувате рутината на своите малечки, обидете се тоа да го сторите постепено.

Недостиг на контакт со очи

Обичен контакт со очи и времето кое ќе им го посветиме можат да сторат чуда и да ја смират напнатоста во разни ситуации. Освен тоа, важно е времето кое во потполност им го посветуваме на децата. Малите луѓе ја заслужуваат нашата потполна посветеност, барем за она кратко време колку што можеме да одвоиме од работата и другите обврски.

Брзање, брзање, брзање

Ако итаме низ дневните рутини, детето е под постојан стрес. Ништо чудно и самите родители да се под стрес во такви итуации. Брзањето испраќа пограшна порака (која најверојатно не сакаме да ја испратиме), а тоа е дека малите луѓе не се вредни за нашето време. Затоа друг пат застанете и дајте им време да го изедат појадокот на мир и самите да се служат со приборот за јадење, а вечерта прочитајте им неколку приказни за добра ноќ. Ништо нема да ви побегне, освен нивното детство.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.