Овие намирници треба да ги исфрлите од исхраната

0

Ако сакате потполно да го смените животот и да си создадете подобри навики, почнете од вашиот фрижидер и од кујната. Здравата исхрана е важна, важно е и да вежбате. Ама, многу е важно да ги исфрлите од својата исхрана овие намирници, коишто се штетни за вашето здравје.

Печени колачи, мафини, крофни – сите се полни со шеќери и масти и дебелеат. Ако не можете да ги исфрлите целосно, барем намалете ги.

Многумина ги сметаат преработените житарки за здрав појадок, ама тоа е далеку од вистината. Единствените здрави житарки се зобните житарки, па додајте им мед или свежо овошје да го збогатите нивниот вкус.

Белото чоколадо е скоро целото само шеќер. За разлика од темното што содржи антиоксиданси и какао, ова е полно со бел шеќер.

Помфрит – иако знаете, да ве потсетиме. Компирите се поздрави ако ги јадете во варена или печена форма.

Маргаринот не е поздрава алтернатива на путерот како што мислат многумина.

Овошните јогурти и овошните сокови се исто така полни со конзерванси, но и полни со шеќер кој е штетен за здравјето. Единствената здрава варијанта е ако ги подготвите самите.

Храната без глутен иако е популарна, не е здрава, бидејќи многу намирници кои се означени како „без глутен“ се полни со сол и калории.

Обидете се и разликата ќе ја забележите за кратко.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.