Ова се најскапите градови за живот во 2017 година

0

Знаете ли кои се најскапите градови за живот во 2017 година? Знаете ли колку пари ќе треба да потрошите за да купите недвижнини во нив?

Неодамна е направено истражување во кое биле вклучени 406 метрополи од целиот свет, по што се избрани десетте градови кои се најскапи за живот. Притоа биле земени предвид цените за купување недвижнини, како и месечните трошоци за живот. Според тоа истражување, ова се најскапите градови според цената на недвижнините…

Борнемаут и Дорсет во Велика Британија се наоѓа на десеттото место.

Кога е направена споредбата на средствата потребни да се купи куќа и приходите потребни за нејзино одржување, со индекс од 9.2 Сан Франциско се нашол на деветтото место.

Едно место подолу е Лос Анџелес во Калифорнија, каде што е потребно да заработите 14 плати за да исплатите 12-месечни рати за кредит за домот.

Следен на листата е главниот град на Хаваи. Хонолулу, кој е еден од градовите каде што е најскап метар квадратен во новоградбите.

По него на листата е Мелбурн во Австралија. И покрај големите трошоци за купување дом, тука е висок и месечниот приход што го остварува населението.

Сан Хозе во САД е петти на листата, со просечен индекс од 9.6 поени при споредба на цената на становите и месечните приходи.

Оваа година на четврто место на листата се најде Оукленд во Нов Зеланд, а на трето е Ванкувер во Канада. Само два града во светот се поскапи од него во однос на средствата потребни да се купи дом.

А тоа е Сиднеј во Австралија, каде што индексот на скапотија и неможност за купување недвижнини е 11.8.

Седма година по ред најскап град во светот е Хонг Конг во Кина. Сепак, цената на недвижнините е намалена, а платите се зголемени во последнава година, а тоа го покажува индекстот кој од 19 е намален на 18.1.

Цената на недвижнините во ова истражување не е изразена во конкретни бројки, но таа се движи и по неколку десетици илјади за еден метар квадратен.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот