Ова не е јахта… ова е супер јахта!

0

Архитектката Заха Хадид е позната во целиот свет по нејзините смели дизајни на згради, како што е Хејдар Алијев центарот во Азербејџан или деловната зграда Доминион во Москва.

Сега оваа жена додаде уште еден дизајн во нејзиното импресивно портфолио: суперјахта. Работејќи со германските градители Блохом и Вос, таа на јавноста ѝ ги претстави своите планови за флота футуристички пловила. Дизајнот е токму она што луѓето го очекуваат од Хадид: смел и оригинален.

tour-zaha-hadids-dazzling-designed-superyachts-04

Јахтата наречена Unique Circle има зона од каде што може да се гледа под вода, а нејзиниот „нос“ е толку остар што може да пробие мраз. Белиот ентериер е инспириран од океанската флуидна форма. Поседува и базен, а од главната соба се излегува на мало џакузи што е поставено на палубата.

„Јахтата нуди удобност, квалитет и безбедност при пловењето“, истакна самата Хадид.

tour-zaha-hadids-dazzling-designed-superyachts-03 tour-zaha-hadids-dazzling-designed-superyachts-02

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.