Отвори го срцето и се ќе биде во ред

0

Темни лица, полни со сенки и тага, грижи и брчки, страв од иднина и неизвесност. Тоа е слика која треба да се избрише и да се нацрта нешто друго.

Проблемите од секогаш биле и ќе бидат тука, нема да си заминат само ќе променат форма. До нас е дали ќе им дозволиме да не дефинираат или ние ќе застанеме пред нив без страв.

Велат дека најголем непријател на човекот е  – човекот. Вистина со која секој од нас се соочува што достигне одредена зрелост. За затвораме во себе, кругот за луѓе се намалува за на крајот да сфатиме дека постои опасност да останеме сами.

Ни сметаат туѓите животи, карактери, нивни планови и цели, одлуки… и не сакаме да слушаме за што не е наше. Но само ако малку го подотвориме срцето ќе видиме дека и кај нив има цел еден свет кој ние не го знаеме.

Тоа е светот на нашите блиски луѓе и пријатели, оној кој го заборавивме бегајќи од нив и барајќи нешто различно.

Во тој свет има друга енергија, светлина кој не сме ја забележале претходно. Тоа се приказните на драгите луѓе, истите тие кои не сме сакале да ги слушаме оти не сме имале желба или време.

yes

Во животот на секој човек треба да му се даде шанса а биде дел од нашиот свет. Па дури и ако некогаш згрешил. Сите ние грешиме оти сме само луѓе. А како поинаку ќе научиме?

Кога децата ќе паднат и ќе се изгребаат, тие учат дека треба да внимаваат следниот пат  кога ќе се најдат во таа ситуација. Болката од гребаницата ги потсетува на тоа.

Зошто тогаш ние сме строги кон себе и кон другите? Секој човек навистина учи додека е жив, само што понекогаш го забораваме тоа. Мислиме дека се знаеме за светот кој постојано е во некаков прогрес, а со него и луѓето.

Овој ден нека биде за тоа. За нови шанси со познати луѓе, за нови заеднички приказни кои ќе имаат среќен крај, за нас…

На крајот од денот, треба само да го отвориме срцето и се ќе биде во ред.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.