Отворено писмо на еден налутен пушач

0

Во Србија од 1 јануари 2016 година стапи на сила законот за забрана за пушење во затворен простор, а по тој повод еден непотпишан бесен пушач напишал отворено писмо до српските медиуми. Ние пренесуваме дел од истото во продложение.

“Додека го пијам првото утринско кафе и ја завршувам третата цигара, погледот ми паѓа на текстот каде стои дека во 2016 година на сила стапува законот за забрана за пушење во Србија. Се смешкам, ја палам четвртата цигара. додека во главата ми одѕвонуваа зборовите на татко ми ‘Ќе престанам да пушам кога јас ќе сакам, а не кога ќе ми наложи законот’.

Да се разбереме, во потполност ми е јасно дека секој месец издвијувам поголема сума пари за нешто кое полека ме убива. Исто така, во целост го разбирам моментот дека непушачите не мораат да трпат чад од цигари. Идејата, која од самиот старт ја поддржав, беше во сите кафулиња да посоти и дел за непушачи. Сега, не е мој проблем што одрдени сопственици на локали беа недоволно паметни, па делот за непушачи го ставија на горниот кат, а пушачкиот долу – па непушачите буквално да се гушат,  бидејќи по законите на физиката, чадот оди нагоре. Исто така не е мој проблем што на инспекторите не им беше ниту малку нелогична ваквата постапка.

bull-smoke-e-cig1Она што ми е всушност нелогично е дека годинава нема да можам да излезам на кафе со пријателка, со друштво на пиво или со мајка ми на топло чоколадо бидејќи нема да бидеме пожелни во ниеден кафич во Србија. Зошт? Затоа што сум пушач.

Ова само ќе ме натера да стојам пред локалот, да пушам две цигари една по друга, а потоа да се вратам внатре и да ги замарам другите до следната цигара. Тоа ќе ми предизивика стрес заради кој само ќе имам додатна потреба да запалам уште една цигара, а тука се крие оној феномен дека секогаш дупло повеќе го посакувате тоа што ви е забрането.

Се уште имам право да бирам што ќе правам со сопствените пари. Ако сум одлучила дека сакам да ги потрошам на цигари и дека сцесно ризикувам појава на рак на гради и сите грозни болести, тогаш тоа е моја одлука и ниеден закон не би требало да се меша во тоа. Се согласувам, ова е глупав начин да се потрошат парите, лоша зависност и оти еден ден треба сите да престанеме да пушиме. Можеби и ќе го направиме тоа еден ден. Но, не денес”.

Овој став многу веројатно го делат најголем дел од пушачите во Србија, а го имаа(т) и пушачите во кај нас. Инаку,што се однесува до другите земји, таму законите се поригорозни. Во Германија е има иницијатива за забрана за пушењето во приватни автомобили со деца во нив. Во Норвешка целосно е забрането пушењето во автомобил во населени места, во Русија истоа така постои закон против пушење, во Грција е воведена забрана за пушење во автомобил кога во него патуваат лица под 12 години.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.