Отворените и креативните луѓе живеат во различна, сопствена реалност

0

Реалноста во која живееме е најмногу базирана на нашата перцепција. Не е новост кога ќе слушнеме дека секој човек живее во своја сопствена реалност и дека перцепцијата е високо индивидуализирана.

Прашањето е, колку е различна реалноста од перспективата на отворените и креативните личности?

Според истражувањето од страна на Универзитетот Мебурн, нивната реалност не само што е психички многу поразлична од онаа на останатите луѓе , туку и визуелно.
Научниците објаснуваат дека луѓето со отворен ум имаат тенденција да ја истражат својата љубопитност од сите можни агли и тоа им дава способност да видат многу повеќе од просечната личност.

За да се открие колку различно овие луѓе ја доживуваат реалноста, на испитаниците им било дадено бинокуларен тест на ривалство, во кој две различни фотографии биле поставени на секое око, како црвена патека на едното и зелена патека на другото.


Просечната личност, односно онаа со поограничена перспектива, ги гледала фотографиите поединечно – или само црвената боја или само зелената, додека оние со поотворен ум успеале да ја доживеат комбинацијата на двете бои.

Научниците велат дека креативните тенденции на отворените луѓе ја овозможуваат оваа поинаква визуелна перцепција.

Некои луѓе доколку се потрудат можеби ќе успеат да го видат она ”надвор од ограничувањата” , некои не – Отворените и креативните личности го гледаат секогаш.

Во прилог, погледнете го видеото кое во психологијата се користи за тестирање на просечната перцепција и проверете дали вашата перцепција е ограничена:

Мнозинството не успеваат да ја забележат горилата која поминува низ собата, што укажува на ограничената перцепција на просечната популација.

Ова всушност докажува колку нешта нашите очи детектираат во текот на денот, но многу мал дел останува во нашата свест, односно сме погледнале нешто – но не сме го виделе.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот