Отворен првиот подводен музеј во Европа

0

После години и години работа, конечно е отворен првиот подводен музеј во Европа.

Длабоко во водите на шпанскиот остров Ланзароте, место пристапно досега само за нуркачи и за морскиот живот кој е присутен таму, се наоѓа Музејот Атлантико, во кој има 300 подводни скулптури направени од страна на интернационалниот уметник Џејсон ДеКаиерес Тејлор.

Потопен на длабочина од 12 до 15 метри на дното на заливот Лас Колорадо, музејот е исполнет со загадочни човечки фигури одземаат здив.

За јавноста е отворен од минатата година, во март, но дури сега посетителите можат да го доживеат во целост бидејќи е конечно завршен.

„Целата идеја беше да стане портал кон друг свет“  – изјавил ДеКаирес Тејлор, кој има направено слични фигури за подводни музеи на Бахамите, Мексико и Антилите.

Тој преку скулптурите, портретира сцени од секојдневниот живот, ставајќи акцент на животната околина и подигнување на свеста за состојбата во океаните. Тој сака да ги инспирира луѓето да размислуваат за океаните и заканата со која се соочуваат.

Таму има фигури кои прават селфи, други како чекорат под брановите на немирните води и сите тие имаат посебни називи. Искуство и глетка кои вредат да се доживеат барем еднаш во животот. Инаку билет за дневна тура нуракње и посета на музејот чини 49 долари.

Извор: CNN

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот