Откријте ги убавините на Крит ова лето

0

Една од дестинациите која туристите ја обожаваат во Грција е островот Крит, не само заради прекрасните плажи, туку и заради останатите убавини и историја кои можат да се погледнат за време на годишниот одмор.

Крит е еден од 13 региони на кои Грција е поделена. Претставува најголемиот остров во Грција и вториот најголем , после Кипар. Островот се протега во должина од 260 километри од исток до запад и е 60 километри на неговата најширока точка. Крит зафаќа површина од 8.336 km², со брегова линија од 1046 km.

Крит е планински остров, неговиот релјеф е обележан од високиот планински венец кој се протега од запад кон исток, формиран од три различни групи на планини: Белите планини, венецот Иди, Псилоритис, планините Дикти, Кедрос и Трипти.

Критскиот грчки останал говорен јазик, а критското вино е традиционален пијалак. Островот е познат по локалната музика, постојат многу уникатни танци кои се играат само на островот, од кои најпознат е Пендозали.

Главниот град се вика Хераклион, место каде што мора да застанете доколку летувате тука. Елафониси е плажа која се простира на југозападниот дел на Крит, бел песок, азурна боја на морето и широка плажа. Во близина на Елафониси се наоѓа плажата Кедродасос која името го има добиено заради присуството на кедровата шума.

Шеитан е плажа која е малку затскриена и се наоѓа во заливски дел, на 20 км од Хања. Има карпи околу неа, во минатото важела за приватна и тајна плажа, но со пристигнувањето на туристите се комерцијализира. Во текот на денот има голем број луѓе кои сакаат да го посетат ова место и да се фотографираат. Меѓу останатите плажи кои треба да ги видите се Фаласарна, Вулизма, Плакиас, Матала, Бали…

Крит ќе ве изненади со својата убавина и уникатност со која ќе се сретнете на секој чекор.

Хања
Плажа Елафониси
Плажа Шеитан

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.