Откриена е нова црна дупка

0

Австралиски научници неодамна откриле нова, огромна црна дупка додека го тестирале новиот телескоп. Таа е толку голема што и онаа во средиштето на нашата галаксија се чини минијатурна во споредба со неа. Нејзината маса е три милијарди пати поголема од онаа на Сонцето. Ново-откриената црна дупка се наоѓа во галаксијата IRAS 20100-4156, а од Земјата е оддалечена 1.8 милијарди светлосни години.

Оваа галаксија е резултат на судир на три спирални галаксии. Интересно е да се напомене како судирите на галаксии и последичното формирање на супер-масивни црни дупки, се причина за создавање на голем број нови ѕвезди, а благодарение на тоа се зголемува и можноста за постоење на живот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот