Откачени козметички совети кои делуваат

0

Сигурно сте слушнале за козметичките совети кои ви звучеле чудно, но тие, всушност навистина делуваат. Иако можеби ви звучат малку чудно, сепак имаат логика. Уверете се и самата

Напудрете го коренот на косата 

Што да преземете кога косата ќе почне да ви се масти по првиот ден од миењето, а немате време да ја измиете и исфенирате? Земете големо мејкап сунѓерче и на него ставете пудра во прав. Поминете со него по раката за да го отстраните вишокот пудра, а потоа запрашете го коренот на косата. Тоа ќе ја стопи маснотијата. Никој нема ни да забележи дека не сте ја измиле косата.

Омекнете ја косата со авокадо 

Земете едно зрело авокадо, излупете го и згмечете го. Потоа со пирето намачкајте го телото и оставете да стои и делува 20 минути. Потоа истуширајте се со млака вода. Нема да верувате колку мека ќе ви биде кожата. Авокадото природно ја хидратизира кожата.

Залепете го ноктот 

Кога ќе ви напукне ноктот, не морате веднаш да го сечете туку на него нанесете малку лепило. Оставете да се исуши, а потоа нанесете богат слој лак за нокти во омилената нијанса. Колку е побогата бојата (црвена, виолетова, корална) толку пукнатината нема да се гледа.

Засилете го лосионот за тело со беби масло 

Ако сакате нозете по нанесувањето на лосионот за тело да ви сјаат но да не бидат масни, додајте во лосионот за тело неколку капки беби масло за сјај на кожата.

Замрзнете го тушот за очи 

Ако врвот на четкичката од тушот ви се расцветала и ви се размачкува на капаците, ставете го во замрзнувач петнаесетина минути пред употребата. Потоа лесно ќе лизга на капаците кога ќе го нанесувате.

Паста за заби на мозолчето 

Нанесете мала количина паста за заби на мозолчето и оставете да делува 15 минути. Исплакнете. Тоа ќе ја апсорбира маснотијата па мозолчето веќе нема да се затнува и полни.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

 

Остави коментар