Откачете го здодевниот додворувач!

0

Секоја жена имала по некој додворувач кој, наједоставно речено е страшно здодевен. Не се откажува, упорно ве бара, ве кани на состанок, го следи секој ваш чекор, измислува изговори за да биде во ваша близина. Вие само сакате да го откачите, така? Па, направете го тоа!

Кога тој смислува разни изговори за да ви се приближи, вие смислете ваши изговори за да го избегнете. На пример: треба да ги чувате децата на вашиот брат, мора да одите на стоматолог, веќе имате закажано средба со колешката која дојде од странство на неколку дена, треба да ја посетите вашата бабa, мора да помогнете дома за гостите кои се најавени за вечер, крајниот рок за работниот проект е утре, ве боли глава или стомак, имате важен состанок со потенцијален соработник, ќе се смирите со претходниот дечко… Ако ништо од ова не функционира, кажете му дека заминуавте на Марс и мора да се подготвите за патувањето. 🙂

Ако сепак е упорен и не се откажува, не сфаќа дека постојано го откачувате, има уште начини:

  • Блокирајте го на телефон и на сите социјални мрежи на кои би можеле да налетате на него.
  • Ако успее да ве добие на телефон, малку преправете го гласот и кажете му дека корисникот кој го бара не е достапен во неговиот живот.
  • Заканете се дека ќе обратите до соодветна институција доколку не прекине да ве прогонува!

Мажите знаат да бидат упорни, ама ние сме уште поупорни, нели?

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот