8 Важни лекции кои може да ги научиме од нашите миленици

0

Животните, особено домашните миленичиња, живеат живот толку позитивен што треба секој човек да си го земе за пример. Фактот дека луѓето можат да размислуваат и резонираат е тоа што не двои од останатите видови на Земјата. Сите што имаат домашни миленици со сигурност ќе се согласат дека, иако ние сме паметните, животните имаат попаметен и поздрав начин на живот споредено со луѓето.

1. Живејте лојален живот

Милениците, особено кучињата, се познати по нивната лојалност кон семејството кое се грижи за нив. Кој би можел да го заборави најлојалното куче во светот, Хачико? Замислете со години да чекате на железничка станица да се појави Вашето сакано семејство. Самата помисла прави уште повеќе да ги цениме нашите миленичиња.

Кучињата со причина се нарекуваат најдобрите пријатели на човекот. Тие се неверојатно лојални и би го заштитиле својот сопственик дури и по цена на нивниот сопствен живот. Од нив треба да го извлечеме овој став и секогаш да стоиме покрај нашите најблиски во секое време!

2. Ценете ги сите нешта, мали и големи

Милениците се воодушевени и од било каква награда да им дадеме.

Ним не им е важен ни брендот на храната, ни големината на закуската. Тие повеќе се радуваат на Вашиот труд и Ви возвраќаат на тоа внимание со покажување љубов и почит.
Мачките предат, кучињата мрдаат со опавчињата, само за да ни покажат дека не ценат. Следете го нивниот пример и покажувајте дека го цените вниманиете на луѓето околу Вас, без разлика дали се работи за мало или големо дело.

3. Не држете лутина

Кучињата ги забораваат мааните на своите газди многу брзо, за разлика од луѓето. Иако нè чекаат цел ден да се вратиме од работа, кучињата се секогаш среќни кога ќе нè видат вратени дома. Не отпоздравуваат со радост без разлика што цел ден не не виделе бидејќи не држат лутина.

Држењето лутина само не кочи и ни создава стрес во животот. Затоа, ако држите лутина, заборавете ја. Така ќе разберете зошто Вашето милениче е секогаш среќно.

4. Работете многу, забавувајте се многу

Кучињата си ги обавуваат своите работни обврски кога им се зададени. Тие ги штитат нашите домови кога спиеме или не сме присутни. Но, кога ќе дојде време за игра, тие се полни со енергија и играат како ништо да не правеле цел ден.

Повеќето од нас се натрупани во работа секојдневно, мислејќи ако завршиме повеќе работа, попродуктивни ќе станеме. Забораваме дека ние сме само луѓе и дека нашите тела страдаат од тој стрес и напор. Не сме машини, може да бидеме попродуктивни ако правиме пауза одвреме-навреме и да се вратиме на обврските со обновена енергија и посвежи идеи за подобро завршена работа.

5. Не судете ги другите и давајте им шанса на сите

Секако дека постојат кучиња што не сакаат други кучиња, но генерално гледано, кучињата се многу друштвени суштества кои со скоро секој можат да се дружат и согласат.
За разлика од нив, луѓето се полни со предрасуди.

Имаме тенденција да осудуваме други луѓе иако не им ја знаеме целата животна приказна. Светот би бил многу поубаво место за живеење доколку би ги отфрлиле предрасудите и не претпоставуваме какви се другите без да ги запознаеме прво.

6. Барајте помош

Нашите милениици зависат од нас за храна и скоро за сè останато во нивниот живот. Кога им е потребна нашата помош, тие ни сигнализираат покажуваат како да им помогнеме. Не пробуваат да направат се самите бидејќи знаат за што се способни, а за што не.

Повеќето луѓе имаат проблем да побараат помош или совет од другите. Причината може да биде нивното его и гордост, или едноставно да им е непријатно во моментот да го направат тоа. Која и да е причината, кога ќе дојде време за помош, бидете доволно скромни да признаете дека ви е потребна и дека не можете да се справите сами.

7. Покажувајте ги Вашите чувства

Тоа што го гледаме, тоа и го добиваме од нашите миленичиња. Тие не ги кријат своите емоции и секогаш точно знаеме како се чувствуваат. . Никогаш не мора да погодуваме.

Животот е прекраток за да ги криеме нашите мисли и чувства. Покажете им на луѓето околу Вас колку Ви значат во животот и ценете ги пред да биде предоцна.

8. Сакајте безусловно

Кучињата ги сакаат своите семејства без никакви услови и правила. Без разлика дали цел ден биле оставени сами дома или сте го поминале денот со нив, тие секогаш се радуваат на времето поминато со Вас.

Ова е  можеби најмачното за човекот. Бидејќи ниедна врска не е лишена од еден кој излегува будала на крај, многу тешко можеме да се научиме да сакаме безусловно, без очекувања тоа да ни се возврати.
Ова е нормално и очекувано. Но можеме да се поправиме доколку станеме пообѕирни кон туѓите чувства и простуваме повеќе. Тоа е најмалку што можеме да направиме за луѓето што се грижат за нас.

Живееме само еднаш, па најдобро е да го живееме на начин што ќе ни биде од корист на нас, како и на тие што нè опкружуваат. Овие животни лекции од милениците нека Ви бидат водич за поедноставен и посреќен живот!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот