Осум психолоши типови според Карл Јунг, во кој тип спаѓате вие?

0

Покрај двата психолошки механизми според Карл Јунг, а тоа се екстровертноста и интровертноста како основа за својата теорија за психолошките типови, тој ги зема во предвид и психолошките функции, а тие се следниве четири:

Сетило – Ви кажува дека нештото постои;

Мислење –Ви кажува што е тоа;

Перцепција – Ви кажува дали е тоа прифатливо или не;

Интуиција – Ви кажува од каде доаѓа нештото и каде оди;

Ова не се единствените психолошки функции, постојат и волја и фантазија, но Јунг смета дека нив ги одвојува нивната основна природа. Тие се базични, не секундарни. Мислењето и чувствувањето се рационални функции, бидејќи се засноваат врз разумен и логички процес на размислување додека пак перцепцијата и интуицијата се ирационални бидејќи се засноваат на видување кое е непосредно.

Според Јунг, кај луѓето не се развиени подеднакво сите сетила, секогаш преовладуваат некои функции, па врз основа на тоа се одредува на кој тип единката припаѓа.

Кога ќе ги искомбинираме интровертноста и екстовертноста, со четирите основни типови на психолошки функции ги добиваме следните осум психолошки типови.

Екстровертен објективен тип

Во оваа група спаѓаат луѓе со објективни размислувања чии што акции се водени само доколку постои причина, односно тие ги прифаќаат како вистинити само оние нешта за кои имаат доволно докази. Не се многу чувствителни па дури може да бидат безчувствителни и манипулативни спрема луѓето.

Интровертен субјективен тип

Овој тип на личност е со високо ниво на интелектуалност/ на интелигенција но има потешкотии во остварување на одснос и интеракција со останатите луѓе.  Најчесто ваквите типови се тврдоглави и тенденциозни кога станува збор за остварување на новните цели. Понекогаш се чинат како аутсајдери, но безопасни и интересни.

Сентиментален екстовертен тип

Луѓето кои спаѓаат во оваа катекорија имаат развиено голема способност да ги разбираат (да се сочувствуваат со)останатите и се одлични во градењето на друштвен однос. Но, тешко им е да се одвојат од околината и најчесто страдаат ако се игнорирани од луѓето околу нив. Овој тип на луѓе се одлични во комуникација.

Сентиментален интровертен тип

Овој тип на луѓе се осамени луѓе кои имаат големи потешкотии во градењето на друштвен однос со останатите. Тие можат да бидат асоцијални и меланхолични. Прават се што е во нивна моќ да поминат незабележани и да останат тивки. Но, тие се многу сочувствителни со потребите на другите.

Перцептивен екстровертен тип

Овој тип го карактеризира слабоста кон предметите, на кои им дава огромно значење, иако тоа го прави потсвесно. Не им даваат значење на идеите туку како идеите ги обликуваат нештата. За овој тип најважно е задоволството.

Перцептивен интровертен тип

Во оваа група спаѓаат уметниците и музичарите. Овој тип на личности големо значење им даваат на надворешните впечатоци, односно на сензорното искуство. Тие им даваат големо значење на бојата, формата и текстурата, го доживуваат светот преку форми.

Интуитивен екстровертен тип

Оваа група на луѓе се многу активни, тука спаѓаат типичните авантуристи. На нив им е потребен постојан стимул. Тие се тенденциозни кога станува збор за остварување на целта, и кога ќе ја постигнат веднаш наоѓаат нешто ново за освојување заборавајќи на претходното. Не се многу грижливи за луѓето околу нив.

Интуитивен интровертен тип

Овие луѓе се екстремно осетливи дури и на најмалите сигнали, имаат многу силно развиени сетила што можат да погодат што останатите мислат, чувствуваат или пак сакаат да направат. Тие се имагинативни, сонувачи и идеалисти. Имаат проблем да останат со нозете на земја.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.