8 намени на бананата

0

За многу луѓе бананата е само совршено овошје за појадок или меѓу оброк.

Но, намената на ова егзотично овошје е многу поширока. Погледнете ги 8-те причини зошто треба секогаш да имате банана во вашиот дом:

1. Помага за оштетена коса
Според доктор Оз, бананата е еден од најдобрите лекови оштетена коса. Постапката е многу едноставна – изблендирајте две банани со додаток на вода ако е потребно а потоа со кашата измасирајте ја косата. Почекајте 15 минути, а потоа измијте ја косата со шампон.

2. Избелување на забите
Наместо скапи препарати, со банана можете да го постигнете ефектот на бисерно бели заби. Секој пат после четкање на забите, истријте ги две минути со кората на бананата.

3. Ги ублажува брчките
Младоликиот изглед на кожата може да го одржувате со помош на овој едноставен рецепт. Помешајте малку банана, две лажици полномасна супа, лажица мед, брашно и малку вода. Маската нанесете ја на лицето и почекајте 30 минути да делува. Кожата потоа исчистете ја со вода.

4. Се применува и при убод од инсект
Истријте ја убодната рана со кора од банана за да се ослободите од чешањето.

5. Ги ублажува модринките, посекотините и гребаниците

6. Извлекува трнови од кожата
На местото притиснете ја кората од бананата и овошните ензими ќе овозможат полесно вадење на трнот.

7. Полира сребро
Нема потреба да трошите пари за скапи хемиски средства, наместо тоа исполирајте го среброто со кора од банана, а потоа само избришете со крпа.

8. Ги храни билките
Оштетените билки не се најпривлечен украс во домот. За да го вратите нивниот сјај и убавина, делови од кората на бананата закопајте ја во земјата на билката.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.