Острови обоени во зелено – Фарските Острови

0

Фарските Острови се група на острови во Атлантскиот Океан, помеѓу Шкотска, Норвешка, и Исланд. Тие се автономен регион на Кралството Данска од 1948 година.

Фарските Острови имаат традиционални врски со Исланд, Шетландските Острови, Оркниските Острови, Надворешните Хебриди, и Гренланд.

Од 18 острови во архипелагот, само едно островче (Лујтла Дујмун), е потполно ненаселено. Најголем и главен град на архипелагот е Торсхавн, кој брои околу 19,000 жители. Фарците се занимаваат главно со риболов, како и овчарство. Островите се познати по својата богата фауна.

faroe-islands (14)

Фарските Острови се задолжителна дестинација за сите оние кои веруваат во моќта на природата и сакаат да уживаат во сите нејзини чуда. Тие се мошне интересен архипелаг од островчиња кој ги маѓепсува посетителите со своето беспрекорно зеленило, особено во пролет и лето. На островите речиси нема дрвја, туку само бескрајни ливади, нема поголеми реки и езера, а бреговите се карпести и стрмни.

faroe-islands (13)

Ниту еден турист не може да остане рамнодушен на убавината која ја нуди овој архипелаг. Фарските острови се совршено место за оние кои сакаат долги прошетки, истражување на скандинавската култура и прекрасните предели. Всушност, секое парче земја од овие острови наликува како сценографија за филм која мора да ја видите во живо. Оствровите ќе ве освојат со долгите и стрмни патеки обоени во зелено, свежиот воздух, традиционалната храна, мистериозноста и скандинавската архитектура.

faroe-islands (11) faroe-islands (10) faroe-islands (9) faroe-islands (8) faroe-islands (6) faroe-islands (5) faroe-islands (4) faroe-islands (3) faroe-islands (2) faroe-islands (1)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар