Остров каде што ќе ви платат 300 долари за да летувате таму

0

Замислете некој да ви понуди одредена сума пари да одите на одмор, на прекрасно место од кое веројатно нема ни да сакате да се вратите? Токму една таква понуда наскоро ќе биде активна за летување на Карибите, се со цел да биде посетено од повеќе туристи.

Туристите кои ќе одлучат да останат подолго од три дена на островите, ќе добијат надомест од 300 долари.

Оваа одлука е донесена по повод прославата за стогодишнината на Девствените острови, односно денот кога официјално станале дел дел Соединетите Американски Држави. САД ги откупиле од Данска во 1917 година за 25 милиони златни пари.

Во архипелагот се наоѓаат неколку острови кои припаѓат на Америка, а најголемите се Свети Џон, Свети Томас и Свети Крој.

Благодарение на нивните фантастични пејсажи, умерената клима и високите стандарди за туристичка услуга, Девствените острови ги воодушевуваат туристите од целиот свет, а оваа година ќе ги привлекуваат и со паричен надомест. 

 

Покрај задолжителното останување од 3 дена и повеќе, има уште неколку услови кои треба да ги исполнат. Понудата важи за оние кои ќе резервираат пред 1 октомври 2017 година, со назнака дека ќе останат подoлго на Девствените острови. 

Исто така, туристите тие 300 долари нема да ги добијат во готово, туку како посебни ваучери, кои ќе можат да ги искористат за останати активности како излети, прошетки, сурфање и слично. Оние кои ќе бидат таму за време на прославата, во текот на март месец, ќе добијат посебен подарок, кој ќе остане изненадување до крајот.

Инаку, најубавиот период за посета на Девствените острови е од јануари до април, но оваа кампања ќе трае со 31 декември 2017 година.

Има некој заинтересиран?

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот