Оставете ги цигарите доколку сакате бебе

0

Пушењето цигари е штетна навика и редно е да се откажите од неа, особено доколку размислувате за проширување на семејството.

Пушењето се сврзува со ниска плодност не само кај жените, а и кај мажите. Штетата од цигарите е толку голема, што ако вашата мајка пушела и вие имате помали шанси да зачнете. Кај жените никотинот го намалува производството на хормоните потребни во текот на бременоста. Исто така го забавува или спречува транспортирањето на јајце-клетката низ јајцеводот до матката.

Во спермата на маж пушач има 15% помалку сперматозоиди, отколку во спермата на маж непушач. Пушењето го намалува и количеството спрема и способноста на сперматозоидите да се движат. Затоа, ако планирате да останете бремена, време е да ги откажете цигарите и вие и вашиот партнер. Така ќе ги зголемите шансите да станете родители и тоа што поскоро.

71668da9-c8ea-462a-bf2f-bc54d6477ffa

Не пушете во текот на бременоста!

Бебето во матката добива сè што му е потребно (храна и кислород) од својата мајка. Пушењето не само што го изложува фетусот на токсини од цигарите, туку и ја уништува плацентата.

Бебињата чии мајки пушеле во текот на бременоста почесто се раѓаат предвреме. Имаат пониска телесна тежина за околу 200g од бебињата чии мајки не пушат. Овој ефект на цигарите се зголемува пропорционално т.е. колку повеќе пуши мајката, толку помала ќе биде тежината на бебето. Бебињата родени од мајки кои пушеле во текот на бременоста имаат помали органи од бебињата кои се родени од непушачи и страдаат од полошо функционирање на белите дробови.

Исто така, изложени се на двојно поголем ризик од ненадејна смрт на доенче. Бебињата чии мајки пушат по 15 и повеќе цигари дневно, во текот на бременоста, посетуваат болница двојно повеќе во текот на првите месеци од нивниот живот. Се смета дека најверојатно и тие ќе станат пушачи во текот на нивниот живот.

Затоа, лекарите советуваат да ги откажете цигарите најмалку една до две години пред да забремените.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.