Пјер де Кубертен, основачот на модерните Олимписки игри

0

Годинава, летото ќе биде во знак на олимписките игри кои ќе се одржуваат во Рио де Жанеиро. Пред да не зафати олимписката еуфорија, ајде да го запознаеме Пјер де Кубертен, таткото на модерните олимписки игри.

olimpiski-igri (3)

Пјер де Фреди Кубертен или попознат како барон Пјер де Кубертен бил француски педагог и историчар којшто е светски познат како обновувач на античките Олимписки игри и основоположник на современите Олимписки игри. Тој сметал дека спортските активности се неопходни во образовниот систем и дека тие се корисни за секој млад човек.

За возобновувањето на Олимписките игри Кубертен бил инспириран од традиционалните Горски игри во Шкотска на кои присуствувал. Друга инспирација му претставувал од д-р Вилијам Пени Брукс којшто бил организатрор на првите национални Олимписки игри во Кристалната палата, Обединето Кралство во 1866 година и којшто ја поддржувал идејата на Евангелис Запас за обнова на античките Олимписки игри. Де Кубертен ги развил Бруксовите идеи за одржување на меѓународни атлетски натпревари, а работел и на зголемување на олимпискиот интерес во Грција и Обединетото. Пјер де Кубертен го основал и Меѓународниот олимписки комитет (МОК).

olimpiski-igri (2)

За да ги оствари своите идеи, на 23 јуни 1894 година барон Пјер де Кубертен одржал конгрес во просториите на универзитетот Сорбона во Париз. На конгресот било одлучено античките Олимписки игри да се обноват, а првите современи Олимписки игри да се одржат во Атина, Грција. Традицијата на одржување на Олимписките игри била според античката, на секои 4 години. По одржувањето на првите современи Олимписки игри во Атина во 1896 година, Деметриос Викелас се повлекол од функцијата претседател на Интернационалниот Олимписки комитет, а на негово место бил избран токму Пјер де Кубертен. По Олимписките игри во Атина, во 1900 година биле одржани вторите Олимписки игри во Париз, родниот град на баронот. Во првата деценија на XX век, Пјер де Кубертен продолжил со афирмацијата на олимпискиот интерес, а со секои наредни Олимписки игри растел бројот на спортисти и на нови земји- учеснички. Во 1913 година де Кубертен ја дал и идејата за создавање на Олимпиското знаме со 5 кругови на него коишто ги симболизираат петте котиненти.

Пјер де Кубертен починал во Женева на 2 септември 1937 година, а бил погребан во Лозана, градот седиште на Интернационалниот олимписки комитет.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот