Ослободете се од пегите

0

За некои пегите на лицето се шармантни и секси, за други се проблем кој предизвикува нервоза. Обично, девојките кои ги имаат посакуваат да ги немаат и обратно. Доколку сакате да ги избледете пегите, ви нудиме неколку третмани кои може да ги направите во вашата кујна.

1 краставица

На лицето се става свежа, изрендана краставица. Откако ќе поминат 15 минути, се отстранува со млака вода. Поголем ефект има ако користите само сок од краставица.

20 мали гранчиња магдонос, 500ml вода

Гранчињата магдонос се поливаат со врела вода. По еден час течноста се цеди и со натопен памучен тампон се премачкуваат проблематичните места. Ако ви е поудобно, лосионот можете да го замрзнете во вид на коцки и потоа секојдневно да го триете лицето со нив.

100g кромид, сок од 2 лимони, 50ml оцет

Исцедете колку што можете повеќе сок од ситно исечканиот кромид. Потоа во него додајте ги сокот од лимоните и оцетот. Со така добиениот лосион, премачкувајте ги пегите неколку пати во денот.

10ml пиво, 50ml вода

Пивото и водата се мешаат. На чисто и добро исушено лице, се нанесува лосионот секоја вечер. Наутро лицето се мие со млака вода.

1 црвен кромид

Откако ќе го исчистите и измиете, кромидот расечете го на половина. Со парчињата поминувајте по лицето неколку пати во денот. Овој третман треба да го практикувате често. Добро е да знаете дека не треба да се користи на сува и чувствителна кожа.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.