Опуштете се пред да си легнете

0
Young Woman Washing Her Face

Заспивањето ви е секогаш проблем? Што и да правите, се превртувате со часови откога ќе си легнете? Обидете се да вклучите некои од овие работи во вашата вообичаена вечерна рутина…

Искапете се

Наместо да се туширате, наполнете ја кадата, додајте малку есенцијални масла за смирување, на пример масло од лаванда, и опуштете се.

Хммммм

Зошто не би се обиделе да медитирате барем 15 минути?

cut-1-lemon-in-4-parts-put-some-salt-on-it-and-put-it-in-the-middle-of-the-kitchen-this-trick-will-change-your-life

Откријте ги своите грижи

Создадете сопствена „листа на грижи“, па кога ќе ги запишете на хартија, полесно ќе ги отфрлите од умот.

Дишете

Растегнете се и дишете длабоко. Понекогаш е доволна и вежба за дишење од 15 секунди што ќе во помогне да се опуштите.

Изгасете го светлото

Или ако не можете да заспиете без светлина, запалете свеќа или поставете потенциометар за да можете да ја регулирате светлината.

Ароматерапија

Ќе се опуштите со ароматерапија или со есенцијални масла.

Најдете добра книга

Читањето пред спиење опушта, посебно ако одберете роман.

dollarphotoclub_73239136

Грижете се за себе

Секоја вечер одвојте малку време за себе – да го измиете лицето, да измиете заби, да ставите крема на лицето…

Време е за музика

Пуштете тивка музика што ќе ве смири и ќе ве заспие.

Гушкајте се

Гушнете се со партнерот или со членови од семејството… Гушкањето смирува.

16bowl-closeup-master675

Без електрични апарати

Телевизорот и компјутерот го одвлекуваат вниманието. Отстранете ги од вашата спална соба.

Подгответе се

Одвојте ја облеката за следниот ден. Така нема да мислите на тоа што ќе треба да облечете.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар