Општина Аеродром со нови проекти за развивање на спортот

0

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, потпиша меморандум за соработка со директорот на Центарот за едукација и менаџмент во спортот – Скопје, Бојан Захариев.

Соработката се однесува на едукација на млади спортисти од општината во соработка со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, како и соработка со Агенцијата за спорт и млади на РМ во делот на унапредување на училишниот и масовниот спорт и поддршка на индивидуалните спортови.

Здружението за граѓани ЦЕНТАР ЗА ЕДУКАЦИЈА И МЕНАЏМЕНТ ВО СПОРТОТ, преставува нов проект во Република Македонија, кој има за цел да врши повеќе активности за подобрување на здравјето и спортот кај целата популација (деца и возрасни).

Носители на проектот се Бојан Захариев – директор на Центарот за едукација и менаџмент во спортот – Скопје и Адвокатската канцеларија Соња и Сања Божиновски.

Поврзана содржина: Промоција на програмата за работа на ЦЕМС за 2018 година со поддршка на партнерите и истакнати македонски спортисти и спортски работници

Исто така, во рамките на меморандумот за соработка се предвидуваат истражувања на искористеноста и подобрување на инфраструктурата, организација на трибини, меѓународни турнири и активности во насока на подобрување на условите за работа во спортските клубови, како и хуманитарни манифестации од областа на спортот.

Општина Аеродром од оваа година воведува и еднократна финансиска поддршка за талентирани спортисти со цел да ги поттикне младите да ги реализираат своите амбиции и да придонесе за развивање на спортот во општината.

Извор: makfax.com.mk

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар