Оперската дива Елина Гаранга го отвора „Охридско лето““

0

Со концерт на познатата оперска дива Елина Гаранча од Латвија вечерва во Античкиот театар во Охрид започнува 56-то издание на фестивалот „Охридско лето“.

Гаранча ќе настапи заедно со оркестарот на Македонската опера и балет, со кој ќе диригира Ион Марин од Романија. Во првиот дел од концертот ќе бидат изведени кратки арии, а вториот дел е резервиран за операта Кармен.

Во рамки на овогодинешната програма на „Охридско лето“ публиката ќе има можност да прследи повеќе од педесет музички настани, девет театарски претстави, пет изложби и осум филмови од богатата кинематографска ризница на најстарата продуцентска куќа во нашата земја, „Вардар филм“.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар