Омиленото чоколадо открива каква сте

0

Слатките и превкусни бели или црни редови чоколадо со кекси, лешници, бадеми, суво грозје или едноставно само млечни се идеалниот десерт во кој било дел од денот. Но дали некогаш сте се запрашале што кажува за вас вашиот омилен вкус на чоколадото?

Млечно чоколадо – омилена во околината

Сакате фудбал, поп музика и комедии. Секому му станувате драга. Да можат, луѓето кога се во ваше друштво на глас би го скандирале вашето име. Едноставно ве обожаваат.

Чоко локум – љубопитна

Вие сте вистинска авантуристка – сакате патувања, странска музика и научна фантастика. Преферирате егзотични места за патување и по природа сте исклучително љубопитна личност. Вие спаѓате во групата луѓе кои ќе го направат токму она што им е забрането.

Чоколадо со лешници – префинета

Вие сакате луксуз, класична музика и романтични филмови. Порцелан, блескав винтиџ автомобил, виолина – со самото читање на овие зборови вие веќе се возбудувате.

Чоколадо со кекси – енергична

Сакате шопинг, танцување и акциони филмови. Полна сте со енергија, секогаш имате што да правите и со кого да зборувате. Наоѓате начин да се опуштите и го избегнувате стресот.

Чоколадо со лешници и суво грозје – таинствена

Обожавате книги, музика и трилери. На прв поглед делувате како многу отворена и директна личност, но под површината криете многу сочни тајни. И без оглед колку и да ве убедуваат да ја откриете својата тајна, никогаш не го правите тоа пред другиот да ја открие својата.

Чоколадо со ментол – темпераментна

Љубителка сте на фестивали, рокенрол и драма. Вие сте исклучителен советник и луѓето секогаш помислуваат прво на вас кога им е потребен совет и помош. Никогаш не ве држи местото, едноставно бликате со енергија.

Чоколадо со бадеми – мудра

Исклучително сте умна и вљубена на технологијата, класичната музика и документарните филмови. Луѓето околу вас ви се љубоморни, и постојано се прашуваат како сте толку мудра и умна. Вие сте победникот во речиси сите друштвени игри.

Црно чоколадо – свесна за себе

Вашата цел е да изгледате совршено и да го земете максимумот од секој ден. Луѓето од вас бараат совет кога е во прашање правилната исхрана, но и потенцијален партнер. Вашето мото е: Изгледај убаво, чувствувај се добро!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар