Олимпиското село во Рио се претвори во место на духови

0

Само шест месеци после Олимписките игри во Рио, објектите кои беа направени за таа прилика и се користеа за време на игрите, денес се веќе заборавени.

Тешко е да се поверува дека овој град беше домаќин пред само половина година на Олимпијада – пишува Бизнис Инсајдер.

Олимпиското село се претвори во место на духови бидејќи голем дел од градбите веќе се во фаза на деструкција.

Стадионот Маракана нема струја бидејќи е исклучена заради заостанати сметки. Водата во базенот за вежбање и подготовка е портокалова. Tревата има кафена боја заради тоа што е исушена, а безбројните стадионски седишта се отстранети без јасна причина.

Канализацијата тече низ уличките и реките во Олимпиското село, а миризбата се шири низ воздухот.

Сè на сè , изгледот е застрашувачки само поливина година по завршувањето на најважниот спортски настан во светот.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот