Оксфорд го објави зборот на годината

0

Оскофордскиот речник го објави зборот на годината  – „post-truth“ или пост вистина.

Тоа е збор кој изразува состојба во која фактите се помалку важни од емоциите. За пример е земена ситуацијата во Велика Британија со излегувањето од ЕУ и победата на Доналд Траммп на претседателските избори во САД која многумина не ја очекуваа.

“Post-truth” се користи како придавка и се однесува на околности во кои објективните факти имаат помало влијание во обликување на јавното мислење, за разлика од емоциите и реакциите на општеството или пак лични и поединечни ставови.

Изразот во изминатата година стана главен збор во политичките коментари и е користен 2000 пати повеќе отколку претходните години, велат лингвистите.

Интересно е тоа што првиот човек што го употребил овој збор е покојниот писател, сценарист и романсиер, добитник на Оскар, Стив Тешиќ, кој има српско потекло.

Во текст за списанието „The Nation“ во однос на актуелните случувања во тоа време, како Заливската војна, тој напишал: „Ние како слободни луѓе, слободно одлучивме дека сакаме да живееме во поствистински свет.“

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.