Околу нас

0
Мирисот на липите,
мирисот на нас.
Сончеви зраци,
топлината во нашите срца.
Светла месечина,
чуварот на нашите тајни.
Ѕвездите над нас,
сведоците на нашата љубов.
Ветерот,
лулка на нашите емоции.
Грмотевица,
најава за голема бура во нашите души.
Дождот,
солзите на нашите срца.
Снегот,
чистина која треба да ги обели
нашите души за да продолжиме понатаму.
Автор: Бранкица Б. Анѓелевска
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.