Охридското езеро на листата на 20 најдобри езера во Европа според Guardian

0

Охридското езеро се најде на листата на The Guardian на 20 најдобри езера во Европа кои мораат да се посетат. Листата е составена според искуства на читателите кои веќе ги виделе и доживеале местата.

Во описот се вели вака:

„Прекрасното Охридско езеро се наоѓа на границата помеѓу Северна Македонија и Алабанија. Можете да престојувате во Охрид и да уживате во прошетките во стариот дел од градот, да ги погледнете црквите кои ги има во голем број, да прошетате со брод до Свети Наум, место сместено во прекрасно зеленило каде што слободно шетаат пауни. Навечер, седнете покрај езерото со пијалок или храна(по многу разумни цени), уживајќи во сценографијата, гледајќи во лебедите. Многу едноставно се стигнува до таму – има дирекна линија од аеродромот во Лутон до аеродромот во Охрид.“

Одлична препорака за македонскиот бисер.

Останатите езера кои ги препорачуваат се Attersee-Австрија, Marnemoende, Utrecht-Холандија Peruća-Хрватска, Saimaa -Финска, Titisee, Black Forest -Германија Llangorse, Brecon Beacons – Велика Британија, Kinloch Hourn, West Highlands, Велика Британија,, Llyn Geirionydd, Snowdonia, Велика Британија, Llyn Idwal, Snowdonia, Велика Британија, Chew Valley, Somerset,Велика Британија , Loweswater, Lake District, Велика Британија, Bassenthwaite, Lake District, Велика Британија, Vouliagmeni, Athens, Jökulsárlón- Исланд, Lakes of Limousin, Франција, Lac d’Allos, Provence, Франција, Nedre Noren- Шведска, Caumasee, Швајцарија, Bohinj -Словенија..

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.