Одврзи се од туѓите очекувања

0

Нашите животи се испреплетуваат со животите на други личности заради наш взаемен раст и развој, а ние самите ги привлекуваме оние луѓе и искуствата кои ни требаат, за да нè научат, што и да е тоа што треба да го научиме во овој живот!

Но, двајца луѓе кои имаат блиски и/или интимни односи еден со друг, најчесто проектираат еден дел од себе врз другата личност. Делови од нас се спојуваат со другата личност и обратно – тоа најживо може да се види кај тазе заљубените парови кои најчесто велат – ние сме една душа а две тела. Кога сме така споени, дали како партнери, неразделни другари или љубовници, овие проекции ги апсорбираме и ги идентификуваме во нас самите, а токму тоа го покрива нашето вистинското јас, нашето внатрешно дете.

Овие проекции, може да бидат емоции, мисловни форми, ставови или начини на постоење, и ако не се одвојат од личноста, може истите да бидат причина за нерамнотежа и дисфункција во психата. Несвесно ги прифаќаме проекциите исто како да се наши: мислења, однесувања, чувства, a тие се всушност од некој друг. Лицата кои се високо чувствителни на туѓите енергии поминуваат низ овие процеси цело време. Оваа проекција не е само еднострана – ние исто така можеме да ги проектираме своите мисли и чувства кон другата личност, што има влијание врз нивното длабоко несвесно ниво.

Она што влијае врз нас несвесно да прифатиме нечија проекција тоа се нашите минати искуства: случките од детство или некои трауматичните настани – кои ни ја имааат врзано и блокирано манифестацијата на нашата вистинска природа, тогаш, но и сега и овде. Освен ова постојат и посуптилни врзаности кои сме ги усвоиле од случките од животот, како на пример силни емоции или страст за работи како што се храна, алкохол, пари, моќ и друго.

Поминувајќи низ техниката Раскинување на врските кои не ограничуваат според методот на Филис Кристал луѓето често пати се шокирани од сознанието дека се уште внатрешно се “енергетски врзани” со родителот, бабата, дедото или пак претходниот партнер или љубовникот и изненадени од фактот дека се уште ги носат проекциите и очекувањата за себе и/или партнерот и тоа во својата сегашен живот или врска. Чувствата, како што се гневот, болката, љубомората, па дури и одмаздата, создаваат дисхармонија во телото,умот и душата на секој еден од нас, особено ако ги имаме задржано во себе.

За да бидеме целосно слободни, треба да се одврземе од она што не врзува или доминира врз нас, а особено е важно да се одврземе од негативните врзаности кон луѓето и работите што го попречуваат нашиот физички, емоционален и духовен развој. Сечењето на врските помага да повторно се поврземе со изворот на мудроста, со својата вистинска суштина која се наоѓа длабоко во нас самите, и на која сме заборавиле. Со овој процес исто така може да се ослободиме и од нездравите зависности и негативното програмирање добиени во детството.

Тоа што треба да се разбере овде е дека се додека нашата свест е ангажирана со решавање на неразрешени чувства, ние сме врзани преку енергетска врска со личноста или ситуациите што ги предизвикува тие чувства. Оваа врзаност во буквала смисла ни оневозможува да се вклучиме во животот, во сегашноста, во новите реалции без разлика дали се тоа партнерски или љубовни и најпосле да продолжиме со својот живот.

Техниката Раскинување на врските кои не ограничуваат од Филис Кристал работи со еден уникатен метод, кои не води кон одврзување од внатрешните врзаности кои ги имаме со луѓето најпрво оние кои не одгледале потоа и со други значајни личности во нашиот живот, со работи, настани, начини на живот, со нешто што не спречува да бидеме слободни. Вежбите секогаш се изведуваат во длабоко релаксирана состојба, преку водена медитација. На тој начин стапуваме во контакт со сопствената Повисока Свесност (Higher Conciseness) од којa секогаш можеме да побараме водство за нашиот следен чекор и добиваме корисни одговори кои се во контакт со нашата вистинска природа како и насоки за завршување на сопствените внатрешни процеси.

Повеќете искустете ја оваа метода на новата работилница која е закажана за 5 Јули (четврток) 2018 г со почеток од 18 час. Повеќе можете да прочитате на ФБ страната Healthy Life Skills во секцијата настани или на линкот https://www.facebook.com/events/240441513430814/

Подготви:

Билјана Пешева

Професионален обучувач за возрасни и јога инструктор

www.healthylifeskills.mk

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.