Неколку трикови кои ќе ви помогнат да ја одржите бојата на алиштата

0

Сите имаме омилена облека која сакаме да ја носиме одново и одново. Но, за жал бојата се губи, свежината на изгледот ја нема. Ова е посебно забележливо кај белите алишта кои со текот на времето потемнуваат.

Но, дали сте знаеле дека постои начин белата облека да остане бела подолго време и сами да ги извадите тврдокорните флеки? Eве неколку трикови кои ќе ви бидат од корист.

Белите блузи направете ги уште побели

Ставете 2 литри вода во голем сад на оган и оставете на зоврие. Земете 3 лимони и исцедете го сокот од нив. Измешајте една лажица сол во жешката вода. Додадете го сокот од лимон и ¼ од шолјата наполнета со прашок за перење.

Покиснете ги алиштата во водата и оставете така да отстои 40 минути, потоа исперете во чиста вода неколку пати. Оставете да се исушат и ќе бидат како нови.

Остранување на флеки

Ставете една лажица сода бикарбона на блузата и исцедете лимон дирекно на флеката. Оставете да стои така 15 минути, а потоа исперете.

Перење на деликатни алишта

Ова се чини дека на сите ни создава потешкотии кога ќе дојде на ред. Но има начин. Измешајте ¼ чаша со детергент и ¼ хидроген пероксид и додадете 2 литри топла вода. Потопете ја облеката, оставете така 30 минути, а потоа исперете.

Ленена облека

Овде нема многу продукти кои треба да ги искористите, но затоа пак се работи за малку поскап производ од водата. Течноста која треба да ја употребите е млеко. Потопете ја облеката во сад со млеко, нека отстои, а потоа исперете ја на регуларен начин. На овој начин ќе ја заштитите од оштетување.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот