Одморот може да почне

0

Секој од нас има свои пријатели или роднини во друга земја кои ако не повеќе барем еднаш во годината доаѓаат во Македонија. Ние секогаш сакаме да се покажаме како добри домаќини и затоа гледаме за им ги покажаме најубавите работи кај нас, да ги пробаат најубавите јадења од превкусната кујна, да ги видат природните убавини кои оваа земја го поседува.

А што ако сето ова можете да го добиете на едно место? Да, зборуваме за хотел “Тино” Свети Стефан во Охрид.

13179444_10210008001984469_6364359570278567895_n

Убавината на Охрид не може да се доживее за еден ден. Таа мора да се почувствува и да дише со полни гради. Езерото повикува на долг одмор кој ќе релаксира комплетно. Дозволете си го тоа чувство во хотел ”Тино”. Не мора да имате гости, пробајте да бидете и вие турист во сопствената земја, запознајте ги странските туристи кои сезоната на летување веќе ја почнаа. Разменете искуства со првата група Холанѓани кои ќе престојуваат овде.

13174149_10210008001944468_559671100538049960_n

Раскажете им за Охрид, за езерото, дајте им предлог каде да прошетаат. Вечерајте заедно во ресторанот каде секогаш има свежо подготвени и вкусни јадења. Вие кажете им повеќе за нашата кујна која секако ќе ја пробаат во хотел “Тино”, а тие нека ви дадат предлог што да пробате од интернационалното мени кое го имате на располагање.

Испијте едно утринско кафе покрај базенот или можеби на терасите од собите кои се со поглед кон езерото.

Почнете го одморот порано, летувајте дома, а чувствувајте се светски.

13164381_10210008002064471_504940496041812906_n

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот