Каков одмор би требало да си дозволите според хороскопот

0

Многу од нас ќе испланираат патување за претстојните Белигднески празници. Некои од нас веќе размислуваат и за летен одмор. Дознајте каде е најдобро да отпатувате според хороскопскиот знак во кој сте родени.

Овен

Овните се родени лидери и иноватори. Поради тоа секогаш сакаат да пробаат нешто ново и невообичаено. За оние со поголем авантуристички дух совршениот одмор подразбира качување по карпи или планинарење низ непристапни предели, а за оние кои сакаат одмор со помала доза на адреналин, ѕвездите препорачуваат сафари во Африка или посета на Аргентина каде ќе имаат можност да научат танго.

Бик

Биковите сакаат удобност и комфор, па совршениот одмор за нив не вклучува активности кои ќе им ја трошат енергијата. Добра храна и пијалоци – тоа е вистинскиот избор за одмор од соништата, па секое место кое нуди удобно сместување и вкусни специјалитети ќе биде одличен избор. Предлог на астролозите е луксузно патување со воз низ Европа.

Близнаци

Бидејќи се љубопитни и сакаат да учат нови нешта, но и брзо им станува здодевно, Близнаците треба да изберат дестинација која нуди широка палета на забавни активности. Посета на музеи, ноќен живот во добри клубови, изложби, концерти – секој поголем град во Европа е совршено место за одмор од соништата за овој хороскопски знак.

Рак

Луѓето родени во знакот на Рак  не сакаат да патуваат од едно на друго место бидејќи тоа подразбира постојано пакување и отпакување на багажот. Тие уживаат удобно да се сместат на едно место, а потоа да ја истражуваат околината. Најдоброто место за одмор е покрај вода (езеро, море), бидејќи ваквото место нуди особен комфор за овој воден знак.

Лав

Лавовите имаат посебна енергија и оган кој го носат во себе. Сакаат убави места и не се трудат да заштедат кога се на одмор. Уживаат во храната, ноќниот живот и културните настани, па идеални места за нив би биле Париз, Лондон или Њујорк.

Девица

Каде и да одат, сакаат да знаат што може да очекуваат од одморот и однапред го планираат. Уживаат во активности од кои би можеле нешто да научат и да го применат во животот. Одмор кој вклучува различни тури, како посета на домовите – музеи на светски познатите писатели, посета на винарски визби, можност да научат некој кулинарски специјалитет или да научат како да направат професионална фотографија се само дел од нештата кои треба да ги понуди нивниот одмор од соништата.

horoscope-05-860x480

Вага

Романтика и естетика – тоа е совршениот одмор за вагите. Патување со саканата личност кое вклучува романтични вечери, уметност, музика, спа центри но и добар шопинг е вистинскиот избор за Вагите.

Шкорпија

Каде и да одат, сакаат поблиску да се запознаат со културата и да истражуваат егзотични предели. Островите Галапагос се совршено место за Шкорпиите, како и секое друго место на Планетата кое е егзотично и не е преполно со туристи.

Стрелец

Кога се на одмор, Стрелците ги вклучуваат телото, умот и духот во сите свои активности. Не сакаат групни тури и организирани патувања, бидејќи уживаат да истражуваат на своја рака. Тие се родени истражувачи, па идеални места за одмор би биле посета на Големиот Кањон или истражување на културата на Маите и посета на Мачу Пикчу.

Јарец

Овие знаци се интересираат за минатото и историјата. Авантуристички одмор добро ќе им дојде, а љубопитноста за историјата ќе ја задоволат со посета на Пирамидите и истражување на египетските антиквитети. Секоја дестинација која нуди можност да научат нешто за кралските семејства е исто така добар избор.

Водолија

Водолиите се издвојуваат од другите знаци по својата уникатност, па таков треба да биде и нивниот одмор – уникатен и несекојдневен. Уживаат да запознаваат нови луѓе, различни од нив, па одличен избор би било патување на Алјаска или посета на Бразил.

Риби

Рибите се многу духовни знаци и затоа не уживаат во класичен одмор или посета на монденски места. Египетските пирамиди, посета на Стоунхеџ или на древните катедралите се совршен избор за хранење на нивната духовност.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.