Одлики на вистински маж – дали ги имате?

0

Ниту една жена не сака маж кој се однесува како разгалено дете. Сакаат некој кој ќе ги преземе работите во свои раце и ќе знае како да се однесува во конкретна ситуација. На ова да дополниме со уште неколку други карактеристики кои вистински маж ги поседува.

Тој не дозволува стравот да го спречи да постигне среќа и животен успех

Животот во страв спречува да ги искористите шансите кои ви доаѓаат во пресрет. Без разлика дали се работи за страв од неуспех, страв од критика или одбивање. Стравот е присутен кај кај сите, но само вистинските мажи излегуваат на крај со него,

Тој не ги прави работите заради туѓото задоволство

Голем дел од мажите се трудат да ги импресионираат жените околу себе. Но, премногу труд понекогаш има спротивен ефект. Акциите на вистинските мажи се мотивирани од искрена желба да работат на себе, да се подобруваат како личности, а на тој начин ќе ги воодушеват и луѓето околу нив. Читаат книги, вежбаат, следат и користат работи кои им се важни во животот.

Вистинскиот маж не создава слика за идеална жена во главата

Многу врски се распаѓаат токму заради ова, тој создал иделана жена во главата, но ниту една не му одговара на профилот. А тоа е од едноставна причина – не постои! Жените се како и мажите, имаа свои маани и предности, желби и стравови. Не можат да бидат совршени цело време. Вистинскиот маж е свесен за тоа и секогаш ја гледа жената како еднаква на себе.

elitedaily_Eduard_Bonnin-800x400

Тој не се збунува од реакцијата и зборовите на жените

Тој секогаш е подготвен и знае што да каже. Тој ја набљудува жената и знае што го очекува. Размислува за неа и почнува да ја сфаќа и даја запознава како личност. А штом е така, тогаш не постои моментот на изненадување.

Тој не се лути

Караниците се неминовни во една врска, но и во секојдневниот живот. Меѓутоа знак за зрелост е способноста да се смири со неа после караницата или малата расправија, ослободен од сите негативни чувства.

Не е несигурен во својот изглед и стил

Несигурноста носи страв, нервоза и бес, што негативно влијае на животот.

Тој секогаш е сигурен во изборот на облека кој го прави, како и во дефинирање на својот стил.

Никогаш не се оддалечува од семејството

Иако понекогаш е невзоможно да се одржат физички блиските контакти со семејството, тој прави напор и наоѓа начин да го направи тоа. Никогаш не ја намалува вредноста на семејството.

Не поставува невозможни цели

Секогаш знае како да се постави во однос на плановите. Гледа до каде е линијата и внимателно чекори кон неа, со тоа што ја поместува штом стигне до целта.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот