Одличните работници вредат злато

0

Во секоја работна средина ќе наидете на добри работници. Но, огромен плус е една организација да има одлични работници. Дознајте како тие изгледаат и како се однесуваат на своето работно место.

Тие секогаш изгледаат поинаку од останатите вработени. Тие се ексцентрични, понекогаш непристојни и се однесуваат необично. Изгледаат чудно, но во позитивна смисла. Токму, овие чудни особини на одличниот работник, придонесуваат тимската работа да изгледа позабавна и поинтересна.

6f4a98f5-5f72-48e7-822f-7d0059a86abc

Брзо се прилагодуваат кон ново настанатите ситуации, насочувајќи се кон она што има приоритет. Особено, кога има некој проблем, одличниот работник веднаш без размислување се обидува да најде решение, иако тоа не е негова работа.

Кога ќе се појави голем предизвик, одличниот работник ги заборава своите особини и бргу се вклопува во тимот. Тој знае кога е време за забава, а кога треба да се биде сериозен, кога треба да се биде свој, а кога да се вклопи и да соработува со тимот, кога да се предизвика, но и кога да се повлече.

Одличниот работник ја цени придобивката од секој вработен и знае колку може само еден убав збор да влијае врз целокупната работа.

Добриот работник често го изнесува проблемот пред целиот тим. За ралика од него, одличниот работник те повикува пред или после состанокот да разговара за поосетливите работи, знаејќи дека доколку ги изнесе пред сите, може да предизвика револт кај останатите колеги.

4ebf6d9a-08d8-490c-ae64-6ece7bc0364f

Одличните работници прашуваат и кога сè им е јасно. Знаат дека одговорите може да им помогнат на оние кои не разбрале, а се плашат да прашат. Секогаш се први да прашаат и да поразговараат за важни работи, додека другите се двоумат.

Добрите работници работат по дадената процедура. Одличните работници наоѓаат начини да ја подобрат работата, не бидејќи се бара тоа од нив, туку бидејќи едноставно тоа е внатре во нив и не можат да одолеат.

Одличните работници знаат дека работењето на работата со страст е она вистинското!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.