Одговорете на следните 10 прашања и дознајте ја вашата професионална иднина

0

Една од најважните одлуки кои ќе ги донесете во животот е да ја одлучите професионалната иднина. Важно е од причина што во некоја доба од животот ќе сакате да не лутате повеќе, да изберете работно место на кое ќе останете и на кое ќе сакате да се појавите секое утро.

Стручните лица на ова поле велат дека  ако се уште сте нерешителни, постојат прашања на кои треба да си одговорите себеси за да ја донесете конечната одлука.

  1. Како изгледа вашиот идеален ден?
  2. Како според вас треба да изгледа работното окружување?
  3. Со кого/за кого и каде би сакате да работите?
  4. Дали сакате да работите во природно окружување или во луксузна канцеларија?
  5. Дали повеќе сакате индивидуална или тимска работа?
  6. Колку можете да се посветите на работата?
  7. Колку ви е важна флексибилноста на работно место и дали сакате да ја имате?
  8. Колку далеку сте подготвени да патувате за потребите на работата?
  9. Дали сакате да работите на проект или на долгорочен договор?
  10. Дали сметате дека треба да ја оставите работата на страна штом стигнете дома?

 

Ова се прашањата на кои треба да си дадете одговор, постапка која ќе ви помогне да се дефинирате професионално. Штом ги решите дилемите, во тој случај и работата ќе оди полесно и нема да ви претставува товар во секојдневието.

Како што не би сакале да останете со човек кој не го сакате цел живот, исто така не би сакале да “заглавите” на работно место кое ќе го мразите. Секогаш гледајте да го правите тоа што навистина го сакате и ќе уживате во секоја секунда од денот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот