Одбрани се Дормео спијачите!

0

Минатиот пат се бараа дипломирани спијачи кои ќе спијат по 8 часа во гужва и под притисок. Спијачите се избрани, локациите одредени, сега е ред да ви ги претставиме.

Спијач број 1

Александар Тодороски – има 19 години Охрид. Неговиот рекорд во спиење е 18 часа, а сака да спие странично. Најчудното место каде што има спиено: во парк после фестивал, на неколку концерти во МКЦ и сред концерт во Дојран. Александар ќе спие во продажното место на Дормео во ГТЦ, на Air Lux Plus душек и True Evolution Перница.

Спијач број 2

Елена Маркоска има 21 години, таа е Струга. Нејзиниот рекорд во спиње изнесува од 1 до 20 часа. Сака да спие на лева и десна страна. Еднаш има заспано во читална, тоа е нејзиното најчудно место за спиење. Елена ќе спие во Скопје Сити Мол на  Air Select Plus Душек и Air Smart Duo Перница

Спијач број 3

Сергеј Димовски е од Скопје, има 22 години и има рекорд во спиење од 14 часа. Најмногу сака да спие на стомак со раката под перница и свиткана нога, но и на грб. Најчудното место каде што има спиено е на клупа во парк и 2500 метри надморска височина и на карпа со вреќа за спиење. Сергеј ќе можете да го гледате како спие во Капитол Мол. Ќе спие  Memosan 3-слојна Перница и Fresh Prima Душек.

Спијач број 4

Садике Хаџиу има 24 години и е од Скопје. Досега има спиено рекордни 15 часа во спиење, а сака да спие најмногу на страна. Најчудното место каде што има спиено е на планина. Ќе спие во Рамстор Мол на Fresh Prima Душек и Platinum Класична перница.

Спијач број 5

Кристина Таневска е од Скопје, има 19 години • Скопје и досега најмногу има спиено 13 часа. Сака да спие на стомак, а најчудно место каде што има спиено е во автобус и клупа во центар. Ќе спие во салонот на Дормео на IMemory Silver Душек и Memosan Класична перница V2.

Спијач број 6

Михаил Марковски има 27 години и е од Битола. Досега има спиено 18 часа, тоа е неговиот личен рекорд. Сака да спие на страна, а најчудно место каде што заспал е на работа. Ќе спие во продажниот салон на Топ Шоп во Битола, на Air Select Plus Душек и Bamboo Класична перница.

До 6 април, можете секој ден во живо да ги гледате како мирно спијат на производите на Дормео кои се по намалени цени. 

Се гледаме!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.