Одбива да го дефинира вашиот однос? Продолжете понатаму, не ви е потребна врска со незрел маж

0

Вашето време не е за губење, па ако сметате дека мажот со кој се гледате е незрел, време е да се продолжи понатаму.

За една врска да опстане и да биде функционална секогаш е потребно двете страни да бидат доволно заинтересирани и секако, подеднакво да се трудат. Кога сте во врска, размислувате за двајца, практикувате компромис и се со цел за другата личност да се чувствува убаво покрај вас.

Но, не ретко се случува едниот да се труди повеќе, додека другиот во врската да посветува многу малку внимание на својот партнер. Вакви врски, не ви се потребни. Со тек на времето емоциите ќе избледат, вие ќе се истоштите од трудење и ќе се појават првите знаци на фрустрации.

Важни се неколку работи од кои може да забележите колку вашиот партнер заслужува да бидете се уште покрај него.

Одбива да ја дефинира вашата врска

21-век некако како да ги помеша вредностите на самите врски. Луѓето влегуваат во однос, без да обрнат големо внимание кон што сето тоа ќе води. Како да постои доза на страв за искажување емоции, особено пред околината.

Се гледате секој втор ден, се слушате постојано на телефон, а неговите пријатели се уште не знаат за вашето постоење? Овде со сигурност, нешто не е во ред. Вашиот партнер не знае што точно сака, а ова се најголеми знаци дека тој е незрел и не може да се очекува многу од него.

Правите планови кои никогаш не се исполнуваат?

На почетокот на секоја врска се јавува ентузијазам, па двајцата често прават спонтани планови за иднината.

Сте зборувале за одење на викенд, на кој никогаш не сте отишле? Верувајте, ни после неколку години ова нема да се промени. Доколку уште на почетокот не стои на својот даден збор, тоа значи и понатаму ќе биде истото. Еден ден, ќе каже дека ќе ги земе децата од градинка, а потоа ќе ги заборави. Кому му треба ваков човек?

Не прифаќа одговорност

Дали секогаш сте вие виновни за се што се случува?

Незрелите мажи никогаш нема да признаат дека погрешиле. За нив не е важно да се усогласат проблемите и партнерката да биде среќна, нив им е важно само да се во право.

Не внимава на вашите чувства

Себичните личности не се грижат за чувствата на луѓето околу вас. Ако се случило да му кажете дека не се чувствувате добро, а тој следниот ден не се јави да ве праша како сте, тогаш овој маж воопшто не обрнува внимание на вас. Нему му е важно да бидете секогаш насмеана и забавна, а со вашите проблеми треба да се занимавате само вие. Ваков маж, никому не му е потребен.

Реагира бурно

Знае да се налути кога доцните, без притоа да го слушне вашето објаснување? Тој го цени само своето време, па дури и 5 минути посветени на објаснување му е премногу да ги посвети.

Често му пречат вашите постапки, се што вие правите не е доволно добро. Себичен нарцис може да го толерира само мајка му. Вие немате потреба.

Почнувате да се чувствувате досадна

Постојано зборувате, но ништо не се менува. Вие мислите дека сте досадна и почнувате да се полните со бес и фрустрации? Тогаш е совршено време да престанете.

Не е до вас, до него е!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот