Одбележан јубилејниот 60-ти роденден на Chupa Chups

0

Вчера во Градскиот парк во Скопје, на Школка со соодветна програма, беше одбележан јубилeјниот 60-ти роденден на најпопуларниот бренд за лижавчиња – Chupa Chups.

Водител на настанот беше Марко Новески кој на уникатен и шармантен начин ги водеше дечињата, кои што беа во голем број, низ планираните игри и активности.

Децата имаа можност да се натпреваруваат во вртење хулахоп, скокање на јаже, фрлање на топка во далечиња, боење како и игри со сложувалки. Победникот беше награден со подготвено пакетче со подароци од Chupa Chups, додека сите учесници добиваа лижавчиња во омилените вкусови.

Влатко Лозановски испеа дел од неговите хитови, а на сцената го придружуваа децата со Оринџ Кидс Клуб.

Меѓу другото, децата имаа можност да научат и нешто повеќе за нивните омилени лижавчиња.

Chup Chups е бренд кој постои од 1958 година, кога инвенторот Ерик Бенет се запрашал што е тоа што на светот му недостига? Одговорот го дал тој самиот велејќи:
„Тоа треба да биде нешто кое ќе изгледа како да јадете бонбона на вилушка“.

Токму таа идеја го донесе на свет првото лижавче.

Првото име на Чупа Чупс било гол, бидејќи ги потсетувало на фудбалска топка. Меѓутоа, заради фактот што не се издвојувало од останатите и не било звучно, две години подоцна било променето во денешното – Chupa Chups.

Познатиот уметник Салвадор Дали го насликал првото лого на Chupa Chups  во 1969 година. Во 1994 година е направено најголемото Chupa Chups лижавче кое тежело 735 грама и било дадено на подарок на фудбалскиот клуб Барселона. Од 2017 година Chupa Chups има своја линија на облека под брендот Тезенис. Chupa Chups  има повеќе од 100 вкусови, а неговото мото од секогаш било Forever Fun, а продолжува да постои под истото и понатаму.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот