Од зачнување до раѓање – магијата на животот

0

Фотографот Ленарт Нилсон во текот на десет години го сликал растот на човечкиот ембрион, од зачнување до раѓање.

Светот прв пат дозна за Нилсон во 1965 година, кога магазинот Лајф објави негови фотографии на 16 страници, а на фотографиите имаше човечки ембриони. Негова голема љубов од најрани години биле микроскопите и камерите, а со текот на времето развил амбиција да му ја покаже на светот убавината на човечкото тело на микро ниво. Уште во 1957 година успеал да слика фетуси, ама фотографиите не биле доволно добри да ги објави.

Своите најдобри фотографии Нилсон ги направил со помош на цистоскоп – медицински инструмент што се користи да се прегледа внатрешноста на мочниот меур. Камерата ја споил со мала светилка и направил илјадници фотографии со кои го снимил животот на ембрионот во матката на мајката.

И создал нешто навистина неверојатно – за прв пат луѓето со свои очи можеле да го видат зачнувањето и создавањето нов човечки живот. 

167805-1-650-53c212670e-1474018182

Сперматозоидот се движи долж фалопиевата цевка кон јајце клетката.

168355-2-650-53c212670e-1474018182

Јајцеклетката

168855-3-650-53c212670e-1474018182

Клучниот момент.

 

169005-6-650-53c212670e-1474018182

Еден од 200 милиони сперматозоиди на таткото пенетрираат во мембраната на јајце клетката.
169055-7-650-53c212670e-1474018182

Главата на сперматозоидот го содржи целиот генетски материјал.

 

169105-8-650-53c212670e-1474018182

Една недела подоцна ембрионот мигрира во матката на мајката така што плови низ фалопиевата цевка.
169155-9-650-53c212670e-1474018182
По една недела ембрионот се закачува на ѕидот на матката.
167855-10-650-53c212670e-1474018182
Ембрионот во 22 ден од својот развој. Сивата област ќе стане мозокот на детето.

 

167905-11-650-53c212670e-1474018182

До 18 ден почнува да чука срцето на фетусот.

 

167955-12-650-53c212670e-1474018182

28 дена по оплодувањето.

168055-14-650-53c212670e-1474018182

По пет недели фетусот е долг 9 милиметри и веќе може да се види лицето со отворите за уста, за ноздрите и за очите.
168105-15-650-53c212670e-1474018182

40 денови од зачнувањето. Надворешните клетки на фетусот се спојуваат со слободната површина на матката за да формираат плацента.

168155-16-650-53c212670e-1474018182

8 недели развој.

169205-lennart-nilsson-112-650-53c212670e-147401818210 недели. Очните капаци се скоро отворени до половина. За неколку дена ќе бидат целосно формирани.

168205-17-650-53c212670e-1474018182

На 10 недели ембрионот почнува да ги користи рацете за да го проучи окружувањето.

 

168255-18-650-53c212670e-1474018182

16 недели

168305-19-650-53c212670e-1474018182 Преку кожата можат да се видат крвните садови.
168405-20-650-53c212670e-1474018182
18 недели. Фетусот може да распознава звуци од надворешниот свет.

168505-22-650-53c212670e-1474018182

20 недели. Фетусот е долг 20 сантиметри. На главата се појавува коса.

168705-26-650-53c212670e-1474018182

6 месеци

168755-27-650-53c212670e-1474018182

Книгата на Нилсон „Детето се раѓа“ прв пат била објавена 1965 година и оттогаш е реобјавувана неколку пати. Ленарт има 91 година и сè уште го интересираат наука и фотографија.

Извор: Brightside

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.