Од што зависи колку кафе ќе испиете денес?

0

Дали ќе бидете зависници од кофеин или не е определено од вашите гени, според австралиските научници. Тие испитале 47000 луѓе, ги скенирале нивните гени и ги прашувале прашања за тоа колку кафе, чај, газирани сокови и чоколада внесуваат дневно.

Научниците идентификувале два гена кои се поврзани со количината на кофеин која ја консумираат луѓето. И двата гена се поврзани со со разложувањето на кофеинот во црниот дроб. Секој човек ги има овие гени, но кај некои луѓе постојат варијации кои се многу поактивни од другите. Луѓето со најактивни верзии од овие гени внесувале речиси двојно повеќе кофеин од луѓето кои имале понеактивна форма на овие гени. Ова е една од главните причини заради кои многу луѓе консумираат големи количини кофеин, тие се способни за поголема толеранција на кофеин во организмот.

Додека и црниот дроб и мозокот влијаат на консумацијата на кофеинот, сепак се покажало дека црниот дроб во поголема мера ја определува потребата за внесување на дневната доза кофеин. Можеби ќе помислите дека пиете кофеин за да се чувствувате подобро, но тоа е определено од брзината на разложување на кофеинот во црниот дроб. Ако оваа реакција е побрза, тогаш организмот ќе чувствува поголема потреба за внесување на кофеин.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот