Од овие хонорари ќе ви се заврти во главата

0

Филмската индустрија отсекогаш била место каде се „вртат“ многу големи суми. А такви се и хонорарите на актерите.

Одамна најпопуларните и најбараните актери добиваат хонорари кои вклучуваат по барем шест нули. Ама, од некои од нив навистина може да ви се заврти во главата.

Роберт де Ниро заработува по околу 700.000 евра за секоја епизода од серијата на Амазон чија премиера не е ни закажана. Тоа е околу 15 милиони евра по сезона.

Мерил Стрип заработува по околу 780.000 евра за една епизода за серијата „Никс“ на Џеј Џеј Абрамс.

За серијата Designated Survivo, Кифер Сатерленд заработува по 280.000 евра по епизода.

Двејн Џонсон, најсексапилниот маж за 2016 година, заработува по 425.000 евра за секоја епизода од серијата Ballers.

Крис Рок доби 37 милиони евра за два стенд ап специјала што ќе се емитуваат на Нетфликс.

Ѕвездите на серијата Game of Thrones, Питер Динклиџ, Кит Херингтон, Емилија Кларк, Лина Хиди и Николај Костер-Валдау основале свој мини синдикат незадоволни од милионите што ги добиваат за серијата. Сега ќе добијат покачување и плата од 1.000.000 евра по епизода (за следната сезона).

По сето ова делува дека астрономските хонорари на актерите само ќе продолжуваат да растат. А, можеби и за ова може да се сними серија?

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.