Од обичен блог до профитабилен бизнис

0

Денешно време, секојдневието не би можеле да го замислиме без интернет. Се повеќе од своето време сме приклучени кон социјалните мрежи, насочувајќи го целосно нашето внимание за корисни и помалку корисни работи…
Токму затоа, да размислиме на кој начин би можеле истото да го насочиме во наша корист.
Ако обожувате да пишувате и имате сопствен блог или пак имате намера да започнете, со одлична стратегија овој блог може да го претворите во бизнис кој ќе ви донесе солидни финансиски средства..

Започнете блог…

Ова може да ви изгледа смешно и со извинување на оние кои веќе имаат блог, но навистина е лесно да се започне овој бизнис план со оглед на популарноста со која блоговите се стекнаа прек ноќ.
Не доволувајте она кое не го познавате доволно, да ве држи чекор назад. Блогирањето е нешто кое секој може да го научи. Секој започнува со мали чекори…

Споделувајте ги сопствените постови

Блогот е подготвен и вие сте среќни. Проблемот е што можеби нема голема читаност на постовите?!
Најлесниот начин да се стекнете со медиумска поуларност е да ги споделувате вашите постови на сите канали кои ги следите на социјалните мрежи. Ако вашите пријатели започнат со клик на „лајк“, нивните пријатели ќе забележат и ќе го отворат постот. На тој начин публиката ќе се зголемува.
Покрај тоа, следете и други луѓе кои водат блогови, ако ви се допаѓа нивната работа можете да им пишете и да ги информирате и за вашата. Научете да се поврзувате…

Бидете во тек со новите истражувања  информации

Секојдневно правилата за социјалните мрежи се менуваат, колку често треба да постирате и на колку време. Потребно е да ги следите истите за да ги организарате вашите постови на блогот. Бидете во тек со истражувањата и читајте што е можно повеќе за развивање на овој бизнис.

Продавајте го просторот на блогот

Кога веќе еднаш ќе го развиете планот за вашиот блог и сето тоа ќе почне да функционира, следен чекор е да започнете да го продавате слободниот простор на вашата страница. Наједноставен метод е преку Google’s AdSense. Еднаш кога ќе се регистирате, секој пат кога некој ќе кликне на поставената реклама, вие ќе заработувате пари.
Во зависност од тоа кон што ќе биде тематски насочен блогот, публиката ќе се зголемува, а вашиот блог ќе прерасне во сериозен бизнис со добра заработувачка.
Ќе имате можност да остварите соработка и со поголеми компании и да го проширите бизнис планот.

Од блог до профитабилен бизнис

Кога веќе ќе ги поминете сите чекори, се разбира не преку ноќ, ќе дојдете до точка каде што ќе треба да размислувате во насока блогот да прерасне во поголем бизнис. Ова вклучува комплетно нов сет на предизвици.
Можеби веќе ќе имате потреба и од вработување на нови луѓе кои ќе ви ги објавуваат и пишуваат постовите, бидејќи ви постојано ќе бидете зафатени со менаџирање на останите работи во бизнисот.

Бидете сигурни дека со текот на време ќе имате потреба и од стручни лица кои ќе работата за вас, доколку сакате приказната успешно да се развива и понатаму.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот