Брајан Адамс – од музички фан до светска ѕвезда

0

На 13 ноември, Брајан Адамс ќе одржи концерт во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

После Лени Кравиц, Стинг и неодамна одржаниот концерт на Ерос Рамацоти, скопјани ќе можат да ги слушаат во живо хитовите „Have you ever really loved a woman“, „Please forgive me“, „Everything I do“ и уште многу други кои Брајан Адамс ги испеа во текот на неговата кариера.

Брајан Адамс е роден на 5 ноември 1959 година во Онтарио, Канада.

Музичката кариера ја почнува во работејќи со различни на музичката сцена во Ванкувер. На 15-сет годишна возраст, тој станува вокалистот на бендот Sweeney Todd со кој имале еден успех, хит синглот “Roxy Roller” кој се искачил на првото место на официјланта канадска топ листа.

На 16-сет години го напишта бендот и во 1978 година, на кога ќе наполни 18 години ќе се запознае со Џим Валанс преку заеднички пријател во музучка продавница во Ванкувер. Тој е поранешен тапанар и главен текстописец на канадслиот рок бенд Prism. Партнерство кое започнува тогаш и трае до ден денес, професионелн чекор во кариерата на Брајан Адмас кој се покажал како исправен.

Првиот албум на пејачот кој го носи неговото име е издаден во февруари 1980 година, а во 1986 година дибива златен статус во Канада.

Вториот албум насловен како You Want It You Got It е објавен ви 1981 година, а на овој носач на звук се најде радискиот хит “Lonely Nights”. Албумот кој го лансираше во светот е Cuts Like a Knife, а најуспешен сингл од тој албум е „Straight from the Heart“, стогнувајќи на 10 позиција на Billboard Hot 100 листата.

Албумот Reckless од 1984 година се искачи на првата позиција на Billboard 200, а беше објавен во номеври 1984 година. На него се најдоа хитовите Run to You“, “Summer of ’69“, “Heaven“, “One Night Love Affair“, “Somebody” и “It’s Only Love“, дует со Тина Тарнер.

Во 1993 година, светот ја слушна соработата со Род Стујарт на песната „All for Love” која беше наменети создадена за филмот  Three Musketeers.

Успехот во годините што следат е неминовен. Брајан Адамс станува светска мега ѕвезда со голем број хитови кои што се слушаат и ден денес.

Адамс е еден од најголемите продавани канадски музичари на сите времиња , има продадено повеќе од 75 милиони копии ширум светот. Во 2017 година ја објави својата колекција Ultimate која вклучуваше две нови песни, “Please Stay” и “Ultimate Love”.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот