Од каде доаѓа жолтата боја на такси возилата

0

Повеќе од 13 000 жолти такси возила, кружат по улиците на Њујорк. Попатно качуваат патници од различни профили, од бизнисмени кои брзаат на работа, до алкохоличари кои ноќно време се обидуваат да стасаат назад во Бруклин.

Сигурно е тешко да се замисли градот без жолтата боја, но овие возила не постоеле од секогаш. Човекот по име John Hertz е “виновникот“ за униформирањето на такси возилата во жолта боја.

Во 1915 година, Hertz, легендарната личност од Чикаго што стои зад Hertz Rent-a-Car, ја основа Жолтата Такси Компанија (Yellow Cab Company).

Тој прочитал статија од Универзитетот на Чикаго која вели дека жолтата боја со нијанса на црвено е највидливата боја гледано од далечина.

Дали тоа е навистина така е сосема друга тема со оглед на тоа што научниците велат дека зелената или нијанси на зелена е бојата се најпривлечни за нашите очи.

„Ова стана тренд во индустријата“ е изјавата на Allan Fromberg за The New York Times во 2006 година, шеф и потпарол на комисијата за такси и лимузини (TCL) во Њујорк.

Овој тренд продолжи да се шири кога Hertz со својот партнер, Walden Shaw реши жолтите возила да ги донесе и во градот Њујорк.

Овој систем беше усвоен и од други градови во Америка, Денвер, Лос Анџелес и Далас. Но, Жолтата Такси Компанија не е единствената во градот Њујорк.

Во 2011 година, градоначалникот Michael Bloomberg објави распоред на 5 такси планови. Жолтата компанија вози низ реонот на Менхетен, додека пак другите такси компании исклучиво се со план за надворешните реони на Квинс, Бруклин, Стејтн Ајланд и Бронкс. Во Менхетан овие такси компании може да се движат само на неколку улици.

Па,  драги патници пред да се качите во њујоршко такси, направете добра маршута каде треба да поминете.

 

Остави коментар