Од каде доаѓа суеверието дека скршеното огледало носи несреќа 7 години?

0

На сите ни е познато празноверието дека оној кој ќе скрши огледало ќе го следи 7 години несреќа. Сте се нашле сигурно во ситуација да се погледнете во скршено огледало па да ви е малку непријатно. Да ги разрешиме дилемите и да го објасниме ова празноверие.

Во минатото огледалата претставувале вистинска реткост

Технологијата на правење огледала какви што користиме ние денес е од неодамна. Во далечното минато постоеле огледала, но не било лесно да се направат. За правење огледала се користеле ретки материјали како што е вулканското стакло на пример. Дури и да го имате материјалот никој не ја знаел технологијата на правење која се чувала надалеку од јавноста. На пример Венеција во 15 и 16 век се прославила со своите занаетчии кои правеле стакло и го извозувале низ цела Европа, но за да го зачуваат својот монопол ја чувале тајната на изработка. Па така огледалата биле реткост во домовите, не можеле секаде да се купат и се продавале по висока цена. Тоа било причина да се чуваат како главата во очите. Суеверието дека скршеното огледало носи несреќа било измислено за луѓето да пазат и да ги чуваат од оштетување. Реткоста и скапоценоста во тоа време по некои мислења биле причина за ова празноверие.

Огледалото држи дел од човековата душа

Старите Римјани верувале дека огледалото држи одреден дел од душата бидејќи човек може да го види своето лице во него. Затоа се верувало дека ако огледалото се скрши еден дел од душата ќе остане заробен во огледалото. Тоа би траело 7 години, бидејќи Римјаните верувале дека душата се обновува секои 7 години.

Секако постоеле начини како да се излезе од таа несреќа, па огледалата се кршеле на најситни парчиња за душата да може да се ослободи. Друг начин било закопување на дел од огледалото под дрво за време на полна месечина. Третиот начин е фрлање на делче од огледалото во река која се би прочистила.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот