Од денеска проекција на концертни видеа на Факултетот за музичка уметност

0

По повод 50-годишнината на Факултетот за музичка уметност во Скопје, одделот и насоката за сонологија со мултимедија започнува со емитување на видеа снимени од студентите и професорите на овој оддел.

Првата видеопроекција ќе се одржи на денес (понеделник), во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, со почеток во 13.30 часот.

Во програмата на концертните дела спаѓаат: „Слики од изложбата“ од Мусоргски-Равел, Концерт за пијано и оркестар од Морис Равел и Симфонија во де-мол од Цезар Франк, „Водич низ оркестарот за младите – Варијации и фуга на тема од Персл“ од Бенџамин Бритн.

Првите две видеа ќе ги претстават концертите на Симфонискиот оркестар на ФМУ, а како диригент се појавува професорот Саша Николовски во 2004 и 2005 година.

Како солист на пијано настапува Кристина Светиева, тогаш студент, а денес доцент на ФМУ.

Проекции ќе се одржуваат во текот на цела година еднаш месечно ќе биде прикажан дел од богатата продукција на аудио и видео снимки од концертите на студентите.

Со овие проекции ќе биде одбележена и 15-годишнината од започнувањето на наставата на одделот и насоката за сонологија со мултимедија при ФМУ, што ја водат професор Димитрије Бужаровски и доцент Трена Јорданоска.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот