Oд денес, со секој купен Dell лаптоп донираш

0

Од денес (06.11.2017) започнува хуманитарен проект на ИТД Дистрибуција под слоганот “Биди Dell од хуман проект”.

Преку оваа кампања компанијата испраќа порака до љубителите и корисниците на Dell лаптопи да бидат дел од овој проект и предновогодишна хумана акција.
Со купување на Dell лаптоп од моделите Inspiron, XPS, Alienware, кој содржи гарантен лист од ИТД Дистрибуција во периодот од 06.11.2017 до 25.12.2017 потрошувачите стануваат дел од хуманитарната кампања која подразбира одвојување на средства од прометот за набавка на новогодишни пакетчиња за деца од ранлива категорија.
Ова е одлична можност за сите кои размислуваат да купат нов лаптоп да го направат тоа во рамки на хуманитарната акција, бидејќи освен фактот дека ќе уживаат секојдневно користејќи висококвалитетен лаптоп произведен од еден од најдобрите брендови на пазарот, купувајќи лаптоп ќе направат голема добрина.
Новогодишните пакетчиња ќе бидат подарени на крајот на месец декември.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.