Од бездомничка до Холивуд ПР

0

Ариан Симон е 35 годишна жена која од човек без дом стигнала до позиција на најдобар публицист во Холивуд. Во нејзиното портфолио стои работа на промоција на филмовите на Роберт Де Ниро, Бредли Купер и Вил Смит. Нејзината приказна ја споделува во британското издание на магазинот “Космополитен”.

Откако дипломирала, се преселила од Детроит во Лос Анџелес за да најде работа и да успее во животот. Но, не е се така едноставно како што звучи. Компанијата во која работела само еден месец, ја затворила канцеларијата во Лос Анџелес преселувајќи ја на друго место.

Ариан останала без работа што автоматски значело дека нема нема пари за кирија и за секојдневни трошоци. За да преживее морала да ги продаде личните работи за да купи храна. Аплицирала на 153 места и на сите била одбиена.

Додека била бездомник, случајно сретнала поранешен колега кој и понудил работа како ПР во фирмата за мебел која неговата сопруга ја отворила. Таа вели:

“Јас не ни знаев што е ПР, но бев воодушевена од можноста која ми се даде. Мојата работа беше да се јавував во медиуми да го промовирам новиот бренд за кој работев. Кога ме прашаа од каде се јавивам јас во момент на паника одговорив AR PR Marketing’ – Arian Reed Public Relations and Marketing. Во тој момент ми текна дека можам и јас свој бизнис да имам”

Така почнало се. Откако до добила својот прв ПР клиент работела деноноќно и наместо во автомобилот каде што спиела до тогаш, таа се преселила во канцеларијата која што ја изнајмувала.

“Една ноќ додека спиев на подот,ми пријде еден човек и ме разбуди, тоа беше Coach Carter(човекот кој беше инспирација за филмот со Coach Carter со Семјуел Л. Џексон). Знаев дека филмот само што требаше да излезе и ја искористив можноста која некоја минута потоа ја добив. Тој ми кажа дека продукцијата има потреба од луѓе за промоција на филмот и така почнав да работам во светот на филмот”.

Оваа жена е пример за тоа дека напорната работа и тоа како се исплати во животот. За голем успех потребен е уште поголем труд. И секогаш кога ќе бидете на врвот, погледнете надолу и подајте рака на некој кој има потреба, бидејќи некогаш и вас некој ви подал рака.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот