Од агол на модните експерти: Која е формулата за успех

0

Добро е да знаете дека дури и најуспешните во светот на модата и шоу бизнисот имале подеми и падови во нивните кариери. Но, тие знаат од поразот да извлечат по некоја лекција исто како и од победите. Еве што имаат да кажат најголемите модни гуруа на темите околу кариерата и успесите.

„Модната индустрија бара многу повеќе од талент, морате да бидите посветени и упорни.“ – Дона Каран

„Бидете свесни дека сите можеме да опцуеме и да заминеме во кревет. Утре се ќе изгледа некако помирно и полесно. Но, баш како што правеше мојот татко, важно е во тие моменти да останете присебни и смирени како би успеале во она што го работите.“ – Том Форд

„Најнапред, неопходно е да ја сакате својата работа, потоа мора да бидите свесни дека работата не е лесна и никогаш нема да биде.“ – Каролина Херера

„Факт е дека понекогаш успехот не се мери со опипливи резултати. Она што е најважно е самиот процес на работа, патот кон успехот и што ќе научите за тоа време“ – Вера Ванг

files (4)

„Вашата работа мора да биде и инспиративна и не премногу напорно, но и да пренесе корисни информации. Тајната на успехот лежи во балансот“ – Мајкл Корс

„Секогаш сум говорела дека за да напредувате во кариерата најважно е искуството. Потрудете се да прифатите што е можно повеќе работни ангажмани за да може што побрзо да стекнете искуство.“ – Викторија Бекам

„Обично не давам совети, но, можам да го споделам своето искуство. Она што кај мене функционирало е тоа дека не треба никогаш да се откажувате. Трикот е во тоа да биде страсни и посветени на работата.“ – Марк Џејкобс

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар